Работна средба со извидниците од Поликастро

На 30.8.2025 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна
средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и
извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија.

На оваа средба се разговараше за големата поддршка која што ја дава Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ во попследните две години при пловењето кон Солун.

Беа договорени наредни активности и меѓусебни посети од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски, Иван Гушев и Валентин Јанкуловски.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.