Членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ -Велес, Ненад Андреевски, Благој Ѓорчевски, Тоше Василевски и Лазе Андовски кои
воедно се и долгогодишни членови на Вардарската регата “Гемиџии“ во периодот од 28 и 29.6.2020 год., (недела-понеделник) ќе извршат проверка на течението на реката Вардар на потегот Велес – Демир капија. Оваа проверка се базаира на подготовката на патеката на Вардарската регата која што се планира да се организира по олабавувањето на заштитните и здравствените мерки кои произлегоа од пандемија на КОВИД 19.