Претставување на Радио Голди по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 фебруари

По повод Светскиот ден на извидништвото на локалното Голди радио во Велес, старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев на 24.2.2025 год. (понеделник) беше гостин во дневната програма. Во рамките на 40 минутниот разговор беше разговарано на следните теми:

– Вардарска регата Гемиџии 2025 Велес – Солун
-11 Средби на посатарите извидници на поранешна ЈУ во Мостар
-Посетата на Ротимља и положување на цвеќе на местотот каде што загина Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски со неговата државна делегација
– Активности организари со други одреди
– 22 Февруари – Светскиот ден на скуатизмот и учество на централната манифестација во Св. Николе
– Мегународни активности на одредот
– 39 Средби на извидници – Велес 2025 во септември оваа година
– Активности наменети за локална средина – Општина Велес и Општина Чашка
– Активности на вода и создавање на поречански патроли во рамките на одредот
– Проектни активности на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес со странски невладини организации
– Приоритети на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес
– Заинтересираноста на младите за извидништвото
– Ревитализација на Извидничкиот центар Голозинци и се што рапсолага овој центар
– Соработката со братскиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш
– Понатамошни планирани активности на одредот и начини на зачленување во одредот.

Со учеството на старешината на одредот на оваа утринска програма слушателите на повардарскиот
регион имаа можност во целост да се запознаат со активностите на одредот како најстара младинска организација во Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.