Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“- Велес на 21.3.2018 год. (среда) организираа интерактивна работилница со средношколците од Гимназијата “Кочо Рацин“ во Велес кој учествуваа во програмата АКСЕС, а тоа се средношколци кој ја изучува Американска култура. На оваа работилница учесниците на програмата беа запознаени со извидништвото во светот, извиднштвото во Велес и Македонија, како да постават шатор, да врзат марама, значање на извидништвото и бенифити за самата личност од извидништвото, бенифитите за општеството и природата. Оваа презентација беше одржана на англиски јазик, а учествуваа Благојче Ѓоргиев, Мартин Голчев, Трајче Темелковски и Ленче Ѓоргиева.