По повод Светскиот ден на извидништвото на локалното Голди радио во Велес, старешината и началникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Иван Гушев на 25.2.2026 год. (среда) беа гости во дневната програма. Во рамките на 40 минутниот разговор беше разговарано на следните теми:
– Вардарска регата Гемиџии 2026 Велес – Солун– Активности организари со други одреди
– 22 Февруари – Светскиот ден на скуатизмот и активностите во рамкиет на одредската програма по повод празникот
– Мегународни активности на одредот
– 40 Средби на извидници – Велес 2026 во септември оваа година
– Активности наменети за локална средина – Општина Велес и Општина Чашка
– Активности на вода и создавање на поречански патроли во рамките на одредот
– Проектни активности на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес со странски невладини организации
– Приоритети на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес
– Заинтересираноста на младите за извидништвото
– Ревитализација на Извидничкиот центар Голозинци и се што рапсолага овој центар
– Соработката со братскиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш
-Логорувањето како начин на живот во извидничката организација
– Промоција на прирачникот “Ориентација во природа“
– Понатамошни планирани активности на одредот и начини на зачленување во одредот.
Со учеството на старешината и началникот на одредот на програмата на Голди радио слушателите на повардарскиот регион имаа можност во целост да се запознаат со активностите на одредот како најстара младинска организација во Република Македонија.




