Претставување на младинската платформа “Хајде !“

Од неодамна RYCO ја лансираше младинската платформа „Хајде!“ (www.hajde.media) , преку која  сака да ви ги претстави младите од Западен Балкан.  Хајде ! платформата беше официјално пуштена  на 8 декември, за време на регионалниот Министерски состанок за млади и образование во Тирана. Платформата е развиена врз основа на придонесот  на повеќе од 1500 млади  кои дадоа важни размислувања за тоа што им треба на младите. Овој  нов дигитален медиум и како платформата  е дизајнирана да обезбеди дневна промоција на регионалните младински  соработки, младински искуства, можности и споделување на позитивни  приказни. Целта на RYCO е да ги инспирира младите луѓе да ги искористат можностите и воедно да ги прифатат.

На платформата Хајде ! на 28 декември 2021 год. (вторник)  се организираше Новогодишна средба за млади лидери од Западен Балкан.  На платформата Хајде !  беа преставени сите активности кои беа направени  низ целиот регион во изминатите години. Од оваа платформа се прави обид на повторно  поврзување на  луѓето од  Западен Балкан и споделување на  искуства, размислувања, знаења, развој на младински врски и соработка. Од Сараево, како централна локација, настанот беше  поврзан  со Белград, Скопје, Подгорица, Приштина и Тирана.

На оваа платформа на 8 декември 2021 год. (вторник) учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , м-р Ангелче Гушев. Средбата се одржа преку ЗУМ платформата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.