Потпишан нов договор за раководење со Младинскиот центар во Велес

На 26.05.2025 година беше потпишан нов договор за раководење со Младинскиот центар Велес помеѓу Општина Велес и Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“, заедно со партнер организацијата извиднички одред „Димитар Влахов“ во времетраење од три години.
Со договорот се утврдуваат правата и обврските за начинот на работа и развој на центарот, чија главна цел е унапредување на младинскиот живот во Велес преку програми и активности насочени кон личен, социјален и професионален развој на младите.

Како Извиднички одред, веруваме дека овој чекор повторно како досегашното работно искуство со центарот претставува голема придобивка за заедницата и нов поттик за младите да бидат активни, креативни и посилно вклучени во општеството.

Со заеднички напори на општината и младинските организации, Младинскиот центар секој ден се повеќе станува вистинско место за поддршка, соработка и нови можности.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.