Старешинството го разгледа и и го прифати трилатералниот проект кои што треба да се реализира помеѓу извидничките организациии на Германија, Франција и Македонија, а ќе се реализира во периодот 2008 – 2009 година. Него ке го координира волонтерот во канцеларијата на СИМ, Антоан Гонзалез.
По завршувањето на старешинството се одржа и редовна средба на Советот на старешини на кој што учество земаа старешини од следните одреди: ИО “Димитар Влахов“ од Велес, ИО “Еригон“ од Прилеп, ИО “Наум Наумовски –Борче“ од Крива Паланка, ИО “Гоце Делчев“ од Св. Николе, ИПО Јадран, ПСИО, ИПО “Сидро“ сите од Скопје.
На оваа средба присутните старешини беа запознати со следните активности: Биро на СИМ, Стратегија на СИМ, Собрание на СИМ, 10 Смотра на СИМ и идни и изминати активности и предложени активности од страна на одредите.
На оваа средба беше истакнато дека стратегијата е во мал застој, каде што повторно беше истакнато дека Бирото на СИМ имало и активности кои што ги реализирало, но сепак дека тоа не функционира од причина што истото веке подолг период нема Комесар за обука и Комесар за програма и повторно се побара оставка од Началникот на Биро на СИМ, Христијан Мирчевски.
Од страна на Старешината на Смотрата старешините беа запознати со досегашните активности кои беа превземени за подготовка на смотрата и дека работите се движат во добра насока. Старешината на СИМ истакна дека е добиена поддршка од институциите на власта и дека и државните органи ке помогнат во реализацијата на Смотрата.
Сите присутни старешини ги дадоа своите видувања за наредните активности на нивните одреди.