Отварањето на 8 Смотра на извидници се одржа на 12.8.2011 год.во центарот на Шабац. Смотрата ја отвори Министерката за млади и спорт при Владата на Србија, г-га Снежана Самарџиќ Марковиќ. Учесниците на овој најголем младински настан во Југоисточна Европа беа поздравен и од Претседателот на Собранието на Шабац г-дин д-р Слободан Мирковиќ. Покрај овие младите учесници беа поздравени и од военото аташе на Кралството Британија и амбасадорот на Јапонија во Србија и голем број претставници на НВО младински организации во Србија. Знамето на Република македонија на главното дефиле беше носено од Началникот на нашиот Велешки градски извиднички одред, Благој Горчевски. По улиците на мачванската и чивијашката престолнина – Шабац продефилираа и повеќе од 100 државни и одредски знамиња носени од знаменосците преставници на учесниците на смотрата. Пред самото овтварање на Смотрата учесниците беа во посета на Палатата на Шабачката Библиотека, Зградата на музеј – Шабац, Караѓоргевата и Змај Јовановата улица, Палатата на културнуиот центар, Шабачката епископија и Соборната црква, Фонтаните во градскиот парк и Булеварот на Светлоста.
На 14.8.2011 година на просторот на терените на 8 Смотра на СИС се одржа и формирањето на “УЛИЦАТА НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ каде што сите земји учеснички се презентираа пред учесниците. Наголемиот број на штандови извидничките единици ја презентираа својата активност и своите најголеми достигнувања. Тука извидниците од Велес максимално го преставија своето одредска издаваштво и големиот број на пишани дела кои се единствени на македонски јазик во извидничката организација во Македонија. Воедно преку презентација и етно велешка музика го преставија и нашиот град велес, град во кои започнува да се раѓа извидничката организација во Македонија.