гледам дека некој сака да ја постави обуката на кадри на друг колосек. Началникот и Бирото на СИМ (ако постои, а мислам дека не постои), заедно со Генералниот секретар на СИМ со организирање на ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ, со испракање на извидници на во Србија на обуки наменети за втор инструкторски степен, некој во Македонија сакаат да се стават над се она што долги години во Македонија се поставуваше како систем за обука на кадри во СИМ.
За да им биде појасно на помладите извидници. Хронологијата на обуката на кадри во СИМ според вудбеџ системот, започна уште во далечната 1994-95 година, време во кое што Македонија почна да бара прием во Свтската организација на скаутското движење. Значи за да припагаш во некоја организација треба да имаш и кадри кои што ке бидат еквивалентни на кадрите во WOSM. Па така со помош на канцеларијата на Европскиот скаутски регион започнавме соработка и во делот на обуката на кадри. Па така првите четворица извидници од Македонија во летото 1995 беа испратени во Бохињ на Гозна Шола, на Инструкторска школа од прв степен (основен курс), па следеше 1996 каде што се слушаше Инструкторска школа од прв степен (напреден курс) и така да се создадат првите инструктори обучени по вудбеџ системот. Потоа тие извидници во периодот 1997 – 1999 започнуваат да ги организираат и првите инструкторски школи организирани во Пуста река – Крушево и во Охрид. А сета таа обука се организираше по утврдената стратегија за обука на кадри која што беше изработена по препораки на ЊОСМ. Од тие школи излегоа првите 12 инструктори од прв степен (или прв вудбеџ).
Овие 14 инструктори ги имаа поминато двата курса основен и напреден и имаа реализирано и два проекти. Во 2000 година повторно по препорака на Европскиот скаутски регион, двајца извидници од СИМ заминуваат на обука за Инструктори од втор степен. И тоа повторно во Гозната Шола во Бохињ – Република Словенија. А во овој период 1996 – 2008 редовно одеа и Школи за обука на водачи на патроли и јата (Охрид и Велес). Значи имаше утврден систем на обука. За да ви биде појасно како треба да биде поставена обука во СИМ, како што до неодамна функционираше ке ви претставам и една шема која што е во согласност со тогашната Стратегија за обука на кадри на СИМ.
За да не создадете погрешна претстава сакам да ви појаснам и некои термини:
Водач на патрола (со помината Школа за водачи)
Инструктор од ПРВ СТЕПЕН (прв вудбеџ)
(со поминат основен и напреден курс и одбранети два проекта)
Водач и Инструктор работат за потребите на одредот
Помошник тренер ВТОР СТЕПЕН (втор вудбеџ)
(со поминат еден курс и одбранет проект)
ТРЕНЕР ТРЕТ СТЕПЕН (трет вудбеџ)
(со поминат еден курс и одбранет проект)
Помошник тренер и Тренер работат за потребите на СИМ
Се надевам дека на помладите извидници во Република Македонија им помогнав да добијат правилна слика како треба да биде обуката на еден квалитетен извидник во Република Македонија.
Искрено Ваш
проф. Ангелче Гушев
Пом. тренер во СИМ (втор вудбеџ)