Одредска делегација положи цвеќе по повод 9 Ноември Денот на Општина Велес

Во рамките на прославата по повод 9 Ноември Ден на Општина Велес делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес положи свежо цвеќе во Спомен Костурницата каде почиваат моштите на мнозина на херојството и заветот кој ни го оставија.

Делегацијата на нашиот одред ја сочинуваа Иван Гушев и Филип Николов Паметејќи го нивното дело во минатото како причина за слободен Велес во сегашноста и иднината, денес, на денот кој пред 78 години бил одговор на крикот за слобода, од нив положивме свежо цвеќе во нивни спомен.

Да живее Велес, да живее Република Македонија!

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.