Одбележан 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили

bezavtomobili2Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на 22.9.2014 год. (понеделник) со две патроли се вклучи во акцијата која ја организираше Општина Велес во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Со ова се одбележа 22 септември – Меѓународен ден без автомобили. Со затворањето за сообраќај на улицата Димко Најдов и минување на предвидената релација пеш, ученици од основните училишта од Велес, здруженија на граѓани и останати поедицни упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно.  Да се се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
Целта на кампањата „Нашите улици, наш избор“ е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните еимисии на гасови во воздухот. Кога секој од нас би направил макар и мала позитивна промена во секојдневните навики би се изненадиле колку размислувањето и бирањето на начинот на транспорт може да влијае врз обезбедување на почиста животна средина, намалена бучава, подобрено здравје, заштеден семеен, но и државен буџет.
bezavtomobili3

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.