ОБУКА, што беше тоа ?

Почитувани браќа извидници,
долго време размислував дали да напишам нешто околу обуката во СИМ… но не сакав од причина што сметав дека новото Старешинство на СИМ и “потенцијалното Биро на СИМ“ ке започнат да работа нешто на планото на обуката.
Но како ке започнат кога и двете горе наведени институции немаат ни ПЛАН НИ ПРОГРАМА, а богами и Старешината на СИМ не знае што со извидништвото во СИМ.
“Одборот за спас на извидништвото во Република Македонија“ (т.н. РАБОТНА ГРУПА) се залагаше, гласно зборуваше, не убедуваше, ни објаснуваше како ке се реализираат школите, како ке има една  во лето една во зимо, една во Охрид, друга незнам каде !!!!
За возобновување на школите за инструктори и школите за водачи, на големо се раскажуваше се трошеше хартија и тонер но, од сето тоа нема ништо. Нема школи, нема обука, а со тоа и КЕ ГИ СНЕМА И ИЗВИДНИЦИТЕ (како што и веке се надзира оваа ситуација,  која што искрено не сакам да се појави). Добивме нов генерален секретар, од него најголемиот документ со најголем текст беше промената на неговиот мобилен телефон и адресарот на одредите ! Значи и од тоа ништо… Летото дојде, времето кога требаше да ги организираме школите, но од организација на исите нема ништо, а и летото ке си помине.

Институциите на СИМ ни испракаат по е-маил…. Семинар за инструктори Кањижа 2010“ . Да супер е тоа да отидат 2, 3 5 … 10 извидници, но кога тука ке се организира Инструкторска школа ? Кога ке има доблес новиот Началник на СИМ да седне со сите инструктори во Македонија и да договори  организација на Инструкторска школа од прв степен (потребни се  2 до 3 инструктори и пет водачи  на патроли и десет коначари) и секако помош од Европската скаутска канцеларија со уште еден до два  инструктори од поранешната ЈУ. Одредите ке дадат по 3 извидници, нешто повеке од 40 извидници слушатели сместени во пет патроли, местоположба – ИЦО Охрид и школата ке се организира.
Драги извидници, драги раководни кадри во Република македонија. Како одреди ви ја доверивме полната поддршка да го подигнете извидништово во Македонија и тоа преку обуката и програмаата, но за ЖАЛ од тоа нема ништо. За тоа ги повикувам Старешината на СИМ, Старешинството на СИМ и Потенцијалното Биро на СИМ да си ги засукате ракавите и да организирате обука … а ако не можете или пак не знаете јавете се,
знаете кој се инструктори во СИМ, знаете кој ја познаваме работата во тој дел, знаете кој ги организираше најголенмите и најквалитетните инструкторски школи во иззминаатите 10 години. Повикајте не да ја составиме и Стратегијата за обука на кадри во СИМ која што крајно ни е неопходна и по која би се движеле во развојот на кадрите во СИМ во наредните 3 до 5 години. Почитувани институции во СИМ, ако не можете ослободете ги местата, не ги залажувајте одредите дека нешто работите, а ти почитуван Старешина на СИМ , ако не ја познаваш работата во СОЈУЗОТ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА не би требало да седите на таа позиција, оти и без тоа други Ви ја водат организацијата.
 
Ве поздравувам со извиднички поздрав ЗДРАВО !

Искрено Ваш
проф. Ангелче Гушев – ГУШЕ
Инструктор од втор степен во СИМ

 
 
* Горе наведените ставови и мислења се мислења на авторот и истите  не ги рефлектираат ставовите и мислењата на старешинството  на ИО Димитар Влахов од Велес

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.