Обука за јакнење на организациските капацитети

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес како корисник на грант во рамките на програмата “Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“ со двајца претставници од одредот учествуваше на обука за јакнење на организациски капацитети.

На обуката која што се одржа од 16 до 19 април 2019 во Хотел Тино – Св. Стефан во Охрид од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ учество зема Кире Харалампиев и Александар Перковски. Обуката беше спроведена од страна на Гордана Стефковска Вељановска од Македонска асоцијација за применета психологија – МАПП Симболикум.

Обуката покрие повеќе теми кои се од значење за зајакнување на нашите организации како што се: организацискиот менаџмент, комуникациски вештини, лидерство, управување со тим, справување со кризи и управување со време.

Проектот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, “Една идеја, еден сон- една цел“ е поддржан преку проектот “Правна помош и поддршка за зајкнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални и граѓански организации “, финансиран од Европската Унија.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.