Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, остварувајки ги програмските активности предвидени со проектот кој е финасиран во рамките од FOSE и Европската скаутска фондација, покрај набавката на два гумени чамеци кој што треба да извршат промена во програмата за работа на одредот, на 5.12.2014 год. (петок) се опремени и со сигурносни елеци за на вода со кои ќе се обезбеди безбедност во активностите на вода. Овој тип на опрема исто така ке биде вклучена за потребите на општинскиот бренд кои го спроведува здружението Вардарска регата “Гемиџии“, а воедно ќе бидат ставени во служба доколку Општина Велес има потреба во време на елементарни непогоди. Со ова се изврши комплетирање на цела посада која може да одговори на сите потреби за активнсти на вода. Со набавената пловна опрема извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во иднина планира да формира две поречански посади, а со тоа и да реализира активности на вода.