Нова Боренка активност во ИЦ “Голозинци“

На 25.4.2023 год. (вторник) во извидничкиот центар “Голозинци“, членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес имаа чест да бидат домаќини на наставниците и ученици од пет држави Италија,Грција, Шпанија, Турција и Романија во рамките на проектот Еразмус +, финансиран од ЕУ под мотото “Немаме Резервна Планета“. Основните цели на проектот се заштита на планетата Земја, но и промиција на европските вредности, меѓу учениците и наставниот кадар кој подразбират промоција на пријателство, но и прифаќање на различностите.

Сите учесници се запозна со извидничкото движење во Чашка, а воедно и да се запознаат и се вклучат во еколошката акцијата Боренка, каде што сите учесници го нацртаа своето дрво и го поставија во виртуелната шума на платформата Боренка. На овој еколошки настан учество земаа шеесетина ученици, наставници и извидници.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.