На 08.2.2026 год. (недела), членовите на патролата “Сусумук” од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и нашите сениори-брѓани по повод кампањата “Направи добро дело” органзизирана од страна на Сојуз на Извидници на Македонија по повод светскиот ден на извидниците организираа акција за уредување на одредските простории и средување на кујната во ИЦ “Голозинци“ .
Кампањата има четири различни дела, каде што секој ден се одвиваа во по една недела во месецот. Па затоа оваа недела беше “Направи добро дело према себе”, со што патролата и наште сениори овозможија подобри услови за работа и функционирање во нашата одредска просторија и кујната во нашиот извиднички дом во Голозинци.
Одредската програма по повод Светскиот ден на извидниците ги содржи и следните активности:
- Крводарителска акција – 15.2.2026 год. (недела) од 9.00 до 15.00 часот во Народниот музеј во Велес
- Учество на емисија во локалното радио Голди
- Промоција на прирачникот “Ориентација во природа“ напишана од старешината на одредот м-р Ангелче Гушев
- Учество на централна манифестација во Кичево по повод 22 февруари








