Награда за учество и волонтирање во еко акцијата “Боренка“

На 21.12.2024 год. (сабота) во младинскиот центар Матично во Скопје, Сојуз на извидници на Македонија организираше волонтерска забава. На оваа манифестација беа доделени и плакети- благодарници за сите учесници кои во последните две години волонтерски се вложија во организација и реализација на еко акцијата “Боренка“.

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во последните две години активно зема учество во организација на еколошката акција “Боренка“. На истата од нашиот одред учество земаа триесетина извидници. Исто така и нашиот одред беше орагнизатор на една еко акција на пушумување која се одржа на терените на езерото “Младост“ во близината на Велес.

За целокупната активност во рамките на оваа еколошка акција началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“, Иван Гушев се стекна со оваа Благодарница – плаакета.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.