
Во организација на Општина Велес и Мировниот Корпус на САД , на 20-ти април годинава во Младинскиот парк беше одбележан големиот јубилеј 50 години Мировен Корпус во светот и 15 во Нема подобар начин да се придонесе за мирот во светот од взаемното запознавање на нашите земји“, рече Стивен Каци, директор на Мировниот Корпус за Македонија. „Се надевам дека нашите американски пријатели се уверија дека нивните волонтери овде се прифатени, дека прават многу корисна работа за заедницата и дека ние како граѓани на Велес и како жители на Република Македонија знаеме и го цениме тоа. САД на повеќе начини помагаат во Македонија. Јас сум презадоволен затоа што Велес е град во кој многу често за првпат се реализираат проекти како што е населбата Хабитат“, изјави Градоначалникот Горан Петров. Манифестацијата донесе колорит на живот и креативност во центарот на Велес каде во пресрет на Велигденските празници учениците ги презентираа декорираните велигденски јајца на тема „Моите американски пријатели“, а стопанствениците, занаетчиите и невладините организации своите производи и проекти.
На оваа манифестација извидничкиот одред “Димитар Влахов“ имаше свои штанд, преку кои ја престави својата издавачка дејност со што докажа дека во целост е посветен на едукацијата на младите луге во град Велес.
На оваа манифестација извидничкиот одред “Димитар Влахов“ имаше свои штанд, преку кои ја престави својата издавачка дејност со што докажа дека во целост е посветен на едукацијата на младите луге во град Велес.



