Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес го спроведува проектот „Ние за заедницата“ чија цел е да го промовира и да го поттикне доброто управување во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и да овозможи активно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и креирањето локални политики значајни за развојот на нивните заедници. Проектот се реализира со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).
Во рамките на проектот, Фондацијата Фокус објави конкурс за доделување грантови за поддршка на иницијативи на невладини организации.Целта на конкурсот е да се овозможи на НВО од Велес, Градско, Лозово и Чашка активно да се вклучат во развојот на локалните заедници преку креирање локални стратегии за развој и спроведување на веќе постоечките, да се вклучат во проценка и подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните како и во поттикнување поголема транспарентност и отчетност на на локалните власти и институции. Во рамките на овој конкурс, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес доби грант преку кои ќе ја реализира иницијатаивата која што е насловена како “Младите во транзиција, млади со иницијатива“. Оваа иницијатива има за цел да изврши промоција на Националната стратегија за млади на територијата на општина Велес и општина Чашка