Преку проектот Youth4 Veles во периодот од 8-9 .5.2021, (сабота и недела) се организираа работилници за основањето на Младински центар во Велес поради неминовноста од потреба за збогатување на културно-забавниот живот во Велес за младите луѓе. Со двете работилници во рамките на овој проект се даде придонесе во процесот на концептуализирање на услугите и содржините кои треба да се нудат во Младинскиот центар. На работилниците се изврши запознавање на учесниците со целите на проектот и идентификување на можните активности на Младинскиот центар од аспект на целната група на млади и мапирање на можни решенија за Младинскиот Центар.
Во делот на мапирањето на можните активности на Младинскиот центар во Велес беа предложени следните активности: Логорување со живот во природа, МОБА платформа за младиска само помош, Младински рурален туризам – можност за самовработување, младински театар, Рок концерти, турнири во разни спортови, Маалски еко акции, куглана, Игри без граници, водени лудории, јавно говорење, хуманитарни акции, едукација на млади со попречености, младински инфо точки.
На оваа средба од страна на старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев како учесник на дводневните работилници, беше презентирани и заклучоците од состанокот одржан на (4.03.2021) во Агенција за млади и спорт. “Општината основа Младински центар, на јавен повик избира организација која ќе раководи со управувањето на Младинскиот центар преку финансирање на програма. Општината носи одлука врз основа на Законот за локална самоуправа и организацијата е должна да поднесува извештај , како и програма за наредна година. Времетраењето на договорот со организацијата кој би управувала со Младинскиот центар, при што по низа предлози се заклучи договорите да се склучат на три години со можност за еднострано раскинување од страна на општината во случај организацијата да не ја реализира програмата на задоволително ниво. Контролата на квалитетот на функционирањето на младинските центри ќе се врши од страна на АМС , односно меѓуресорска група формирана од страна на АМС. (извадок од записникот)“ .
Проектот Youth4Veles e во рамки на Иновативните иницијативи-програма финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) која ја спроведуваат Меѓународната фoндација за изборни системи и нејзиниот партнер Националниот младински совет на РСМ.