Во рамките на 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, постарите извидници – сениори на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се вклучија во акцијата на дарување на крв “Направи добро дело“. После хуманитарната акција на доделување на прехрамбени пакети и со оваа акција која е во рамките на кампањата “Направи Добро Дело“ извидниците од Велес ја покажаа својата хумана мисија во нашиот град Велес.