Крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 февруари

На 17.2.2024 год. (сабота) по повод Светскиот ден на извидништвото 22 февруари, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, огранизираше крводарителска акција. На неа се собраа 42 крвни единици. Истата се изведе во просториите на Младинскиот центар, лоцирани во Градската библиотека.  

Акцијата заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст, извидничкиот одред “Димитар Влахов“, Младинскиот Центар и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Ова е втора акција  на ИО Димитар Влахов, која се одржува по повод Светскиот ден на извидништвото.

Во првата лани беа собрани 46 крвни единици. Со оваа акција извидниците од Велес ја докажаа својата хуманост и направија добро дело.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.