
Реализирајки го институционалниот грант од Американскиот мировeн корпус заедно со волонтерот Вероника, во периодот од 11-13.04.2025год. во извидничкиот центар Голозинци во општина Чашка, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес организираше тренинг за водачи за своите членови. Овој тренинг е дел од целокупните активности со Мировниот корпус.

На тренингот се работеа следните темите кој се се работат на школата за водачи беа а тоа се:
-Завет, закони и принципи
-Извиднички метод
-Историјата на извидништвото
-Структура на СИМ / Одред

-Видови патенти, бивак и правилно подигнување на шатор
-Организирање на хајк, правилно пакување на опрема
-Основи на топографија

На школа на водачи тимот кој што ги организираше сесии го сочинуваа: Иван Гушев, Влатко Влахчев, Бојан Миклош, Давид Наумовски, Андреј Антов и Огнен Бошковски од ИПО Јадран од Скопје кој ни помогнаа во размената на одредските искуства. Покрај гостите од Скопје на тренингот учествуваа и четири членови од нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија. На тренинг кампот кои имаше и меѓународен карактер земаа учество 12 членови од нашиот одред кој воедно ќе бидат и наши идни водачи во одред.

Покрај едукативниот дел на камот пет извидници од напиуот одред работеа и на проверката на пловната опрема наменета за XXV Вардарска регата Гемиџии која ќе се одржи од 19 до 24 јуни оваа година. Интерен работен викенд во извидничкиот центар Голозинци.


