… и парите се уплатија !!!

Зелената коалиција ги уплати парите за вештачењето на парцелите за продолжување на  судскиот спор Велес против државата. На сметката на Основниот суд Велес утре ќе легнаа 78.750 денари, пари што „Зелените" и новинарите ги собраа од граѓаните и фирмите.
„Ова се пари на граѓаните на Велес, тие докажаа дека сакаат да живеат во чиста и здрава животна средина и дека се заинтересирани за здрави поколенија и здрави генерации. Ова докажува дека тие се против рестартирање на Топилницата", рече Анѓелче Гушев од Зелената коалиција.

Вкупната сума од 90 илјади денари што требаше да се уплати, ќе ја дополни Општината со нејзиниот дел. Со уплатата на парите ќе почне утврдувањето на меѓите и границите на парцелите што треба да се вештачат со цел да се докаже и потврди вистината за загадувањето  од тешките метали.
„Со ова ќе се случи обештетување на градот, конечно ќе се докаже вистината и ќе живееме во здрава животна средина", рече Весна Шкортова од Зелената коалиција.
„Зелените" го испочитуваа рокот за уплата, откако во изминатата сабота  за само 12 часа ги собраа потребните пари. Што следно ќе се случи со судскиот спор Велес против Државата ќе се знае на 14-ти септември за кога е закажано следното рочиште.

 

 
Превземено од www.lisica.mk

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.