Врз основа на објавениот јавен повик за членство во Платформата “Младите против насилство”, во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Малдите против насилство)”, проектниот тим составен од 5 членови претставници на организациите – Иницијатива за Европска перспектива, Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Здружението за развој и активизам – Аква од Струга и Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, врз основа на претходно утврдена постапка, критериуми и услови за избор на членки во Платформата, го избраа извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес за полноправна членка на платформата.