Цивика мобилитас на 16 мај 2017 год. (вторник) во х. ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје ги промовираше новите акциски, мали и ад хок грантисти. На овој настан беа промовирани и 15 организации кои добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од над 28 милиони денари. Нивните планираните активности ќе бидат насочени во повеќе сектори како што се: доброто владеење, граѓанското општество, родовите прашања, меѓуетничките односи, толеранцијата, културата, хендикепот, вработувањето, образованието и науката, информациите и друго. Организациите добитници се од Скопскиот, од Полошкиот, од Североисточниот и од Вардарскиот регион. Низ кратки видеа беа презентирани планираните активности на акциските грантисти. На промоцијата беа преставени и осум мали акциски и 14 ад хок грантисти чиј буџет изнесува приближно 7,5 милиони денари. Овие организации, низ нивните активности фокусот ќе го стават од потребата од дебата, изборите, животната средина, локалната самоуправа, човековите права, меѓуетничките односи, младите итн.
Во групата на ад хок грантисти беше промовиран и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес кои на промоцијата беше преставен од страна на два члена и тоа старешината на одредот м-р Ангече Гушев и Лидија Пљакова член на одредот. Одредот од Велес во рамките на ад хок грантовите ќе го реализира проектот “Младите во акција“.
На почетокот на промоцијата на добитниците на грантови, Национален водач на тимот на програмата и прв извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски стакна: Цивика мобилитас ја достигна планираната критична маса од 100 големи грантисти, додека вкупниот број на поддржани организации на една и пол година пред крајот на програмата е 197“
Договорите на грантистите им ги врачи Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада Во таа прилика амбасадорката истакна. „Во ваква чувствителна политичка и општествена околина се истакнува улогата на граѓанското општество во промовирањето на дијалогот во општеството“, рече таа и додаде дека грантистите на Цивика мобилитас веќе се истакнати двигатели на промените. Амбасадорката Сутер Тејада меѓудругото ја истакна и улогата на младите луѓе од различни етнички заедници, „навистина ми е мило што имаме бројни организации водени од млади луѓе“, рече таа.