На 10.3.2015 год. (вторник) во Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион заедно со Карана Корпорејшн организираше Информативен ден за имплементација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион, кој е произлезен како резултат на проектот за експанзија на мали бизниси поддржан од страна на УСАИД и Швајцарската влада. Целта на настанот беше да се информираат индивидуалните земјоделци, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ВПР за придобивките кои можат да се добијат од воведувањето и спроведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во нашиот регион. Бенефит за општината, но и за целиот регион од оваа иницијатива очекува и градоначалникот Славчо Чадиев, кој е и претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. „Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на приватниот сектор, да поттикне регионален и локален економски развој во одредените региони во Македонија, преку осмислени иницијативи, акции и модели за соработка со граѓанските здруженија, приватниот сектор и институциите на локалната самоуправа. Преку осмислени иницијативи, акциии модели за соработка со приватниот сектор, институциите на локалната самоуправа и граѓанските здруженија проектот ќе резултира со формирање на Локални Акциони Групи (ЛАГ-ови) како и во создавање на нови работни места. На оваа работилница учество земаа Ангелче Гушев и Златко Ристов како преставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес.