Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес врз основа на Jавниот повик на Агенцијата за млади и спорт за упис во регистарот на младински организации, организации за млади и младински чадор организации на 23.3.2021 год. го доби решението со кое се запишува во регистарот на младински организации, организации за млади и младински чадор организации како МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА.
Со ова извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес кој постои 69 години и е најстара младинска организација во Македонија го потврди сопствениот статус во држава и вооедно продолжува да ја реализира мисијата и тоа придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.