Извидниците најмасовни на пролетна еколошка акција на здруженијата на граѓани и Општина Велес

Десет извидници од извидничкиот одред  “Димитар Влахов“ и други граѓански активисти од Здруженија на граѓани денеска го чистеа просторот околу објектот во кој се сместени дел од граѓанските здруженија, што се наоѓа во населбата “Дворови“.

Во работната акција активистите собраа 22 вреќи од 250 литри со различен вид на отпад и тоа не само од околината туку  и од просториите на објектот. Пролетната еколошка акција за чистење ја организираа во соработка со Општина Велес по повод Денот на пролетта и екологијата, што наместо минатата недела, на 21 март, поради лошите временски услови, ја реализираа оваа недела.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.