Извештајот за Вардарската регата едногласно усвоен од Советот на Општина Велес

На 22- та седница на Советот на Општина Велес која се одржа на ден 26.10.2022 година (среда)
во просториите на Општина Велес во рамките на дневниот ред на седницата беше разгледан и Извештајза реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2022“ реализирана од Извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес.

Старешината на ИО “Димитар Влахов“ Ангелче Гушев и Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев

Извештајот за реализацијата на Вардарската регата Гемиџии пред Советот на Општина Велес
беше презентиран од страна на Старешенината на одредот, м-р Ангелче Гушев кој беше
едногласно прифатен од страна на сите 23 советници. Предходно Извештај за реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2022“ беше усвоен од страна на Комисијата за општествени дејности и Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој кој се одржаа на 25.10.2022 год.

Треба да се нагласи дека при рзгледувањето на Извештајот за реализацијата на Вардарската
регата Гемиџии 2022 год. беше истакнато дека регатата треба да се врати во стариот обем
на организирање (четири дена) и на регата да и се делегира надлежност на организација
која ќе организира и да започне да се организира од јануари 2023 за да биде запазени
сите услови за нејзина реализација.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.