Засади ја својата иднина

Претставници на извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, на покана на Градоначлникот на Велес, г-дин Аце Коцевски, учествуваа на преставувањето на проектот Ден на дрвото – Засади ја својата иднина.

Преставувањето на проектот се одржа на 5.2.2008 година (вторник) во Големата сала на општина Велес во присуство на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, градоначлникот на општина Чашка Стојан Маневски, заштитното лице на кампањата  Бубо Каров – Цацко и луѓе од проектниот персонал.

На самата промоција присуствуваа и познати културни работници, естрадни уметници, новинари, претставници од бизнис секторот, образованието и науката.

Почетокот на акцијата за општина Велес е предвидена за 12.3.2008 година (среда).

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.