На 1.2.2025 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на јубилејната XXV Вардрската регата Гемиџии 2025.
Оваа година повторно ќе се реализира од Велес и ќе заврши во Солун.

Беше договорен и терминот за реализација на регатата која би требало да се одржи од 19 до 24 јуни оваа година. Во подготовките на Вардарската регата останува да се утврди и движењето по реката Вардар во Република Грција кое што веќе ни е познато и сите останати технички детали за истата.
на XXV Вардарска регата Гемиџии 2025 година сакаме да дадеме и еколошки акцент и подигање на
јавната свест за заштита на реката Вардар на територија на Република Македонија споредбено со
заштитениот Вардар на територијата на Грција.
Предложена е и заедничка манифестација помеѓу граѓаните на Велес и Солун по завршувањето на регатата.
Домаќин на нашите пртеставници во Солун беше Василис Нтрианкос како еден од водечките лидери на солунските извидници. Средбата се одржа во поморската база на сискаутите на Солун “Николаос Принзиос“.