Завршија XXXIII Средби на извидници – Велес 2018

Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес  одбележувајќи го 66 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија, во периодот од  7-9.9.2018 год. ги организираше јубилејните традиционалните 33-ри Средби на извидници Голозинци – Велес 2018. Во рамките на ови 33ри Средби на извидници се организираа натпревари  во рамките на VIII коло на извидничката лига на СИМ. На натпреварите во рамките на VIII коло на извидничката лига на СИМ учество земаа одреди од следните градови и тоа: Скопје, Св.Николе, Куманово, Прилеп и Штип. Мегународниот карактер на 33 Средби на извидници го одбележаа гостите од Република Србија и тоа од Ниш и Шид. Во рамките на VIII коло на извидничката лига беа постигнати следните резултати и тоа:

dav

•    Категорија РОВЕРИ: прво место патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш  – “Алфа“ и второто место екипата на ИПО “Јадран “ – “К & G“ од Скопје,  а третото место го освои патролата на ИО “Краљ Петар “  од Ниш.
•    Категорија на ИСТРАЖУВАЧИ: прво место патролата ИПО “Јадран“ – Чоколадни девојчиња и  второ место исто така екипата на од ИПО “Јадран“  од Скопје – “Копачи“

dav

•    Категорија ИЗВИДНИЦИ: екипите на ИО “Гоце Делчев“ – Преживарите на Гојчо, второто место екипата на ИПО “Јадран“ од Скопје – “Ај погоди“ и трето место патролата на ПСИО – “Рисови“
Во периодот од 1975 до 2018 година, успевaме да организираме триесет и три Средби на извидници, а кои што последните осумнаесет  беа од меѓународен карактер. Овие 33ри Средби ги организираме повторно на тема … ориентацијата и топографија, сигнализација … игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам .

sredbi2018c

Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 65 годишно работење успееа да докажат дека знаат да организираат и да реализираат активности од меѓународен карактер, а сето ова немаше да биде организирано на високо и професионално ниво доколку не беше поддршката од од бизнис секторот од Скопје и Велес .

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.