На 6.8.2025 год. (среда) Германскиот сојуз на извиднички и извидници Мозаик (DPBM) го организираа завршниот настан организиран како интеркултурна размена на која што учество зема 350 германски извидници коi пристигнаa во село Согле, општина Чашка.
Одредската делегација во состав Тони Јошевски, Владимир Ивановски, Ангелче Гушев и Зоран Пановски во целост го организираа завршниот интеркултурен настан со преставување на македонската музика и фолклор.
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес заедно со општина Чашка се институции кои во целост им ја дадоа логистичката поддршка на германските извидници креирајки го овој интернационален камп под мотото “АЈДЕ 2025“.
Со овие активности велешкиот одред ги прошири програмските активности преку мегународната соработка.
Одредските претставници со присуството на овој камп во целост ги договорија наредните активности кои следат во 2026 година на територијата на општина Чашка.








