Еколошка акција на пошумување ИЦ “Голозинци“ во знак на најстариот акцијаш во Велес

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ во извидничкиот центар “Голозинци“ во партнерство со ЗГ “Акцијаш – Ветерани“ беше домаќин на еколошката акција на пошумување. Еколошката акција
беше организирана во знак на најстариот акцијаш ветеран Боре Манев. Со едно минутно молчење во знак на почит за Боре Манев, штотуку починат акцијаш ветеран на Работната бригада “Кочо Рацин“. И веднаш почеток на работна акција за исполнување на аманетот на Манев. Неговото семејство купи борови садници. Акцијашите ветерани од Велес започнаа да ги садат заедно со листопадни дрвја во дворот на поранешното училиште во село Голозинци, сега Извиднички центар “Голозинци“.

„Дојдовме да ја исполниме неговата желба. Засадивме 12 борови садници, стари три години, во училишниот двор каде што Боре има завршено основно образование. Поставивме и систем „капка по капка. Мислам дека акцијата е успешна,рече Командантот на РБ„Кочо Рацин“ Делчо Костов „Симболиката е 12 дрвца, 12 месеци што биле негова желба да ги засади во дворот на основното училиште во кое што учел со неговата постара сестра, веќе учителка во истото. Оттука желбата за престој и љубов кон природата. И садниците со борчиња потсетуваат на неговото име Боре, рече
Лепа Тошанова, ќерка на акцијашот ветеран Боре Манев. Акцијашите ветерани со копачи и со мотики го расчистија дворот . Со конец го трасираа редот на садници. Бушалката машински ги ископа дупките. Садниците се насадија рачно. Се постави и пластичното црево на системот „капка по капка“. Дополнително ќе се приклучи на бунарот за вода откако дождот што почна да врне прв ги полеа садниците.

Четири години велешките акцијаши ветерани, од истоименото граѓанско здружение, се препознатливи по доброволната работа во локалната заедница. И во Велес и во Чашка. Освен по засадување на нови дрвореди и по заштита на животната средина од отдап. Досега сами или на повик од општините изведоа 70 акции или волонтираа 70 денови. „Ние сме среќни како општина што постојат вакви иницијативи кои даваат сериозен импакт и придонес во нашата Општина. Сите вакви здруженија кои доброволно работат на територија на општина Чашка се и ќе бидат поддржани, рече градоначалникот Горан Стојановски.

rpt

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.