На 1.7.2024 год. (понеделник) извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беше поканети на прославата на првиот роденден на Европската куќа во Велес на панел дискусијата под наслов „Види го Вардар почисто“, инспирирани од неодамна започнатата кампања на Европската Комисија – WaterWiseEU. Од страна на одредот учество земаа Ангелче и Жаклина Гушева. Целта на панелот беше да се разгледаат причините за загадувањето на реката Вардар, да се анализираат последиците од загадувањето и да се предложат конкретни решенија за подобрување на состојбата. Во овој дел старешината на нашиот одред во целост им ја опиша состојбата на реката Вардар од Таорска клисура до вливот во Солун.
Дискусијата ја отвори заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, со краток говор за важноста на зачувувањето на водата во контекст на глобалната криза, Зелениот договор на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан. За оваа една година постоење беа промовирани организираните повеќе од 140 настани во кои учествуваа повеќе од 5.000 учесници кои што допринесоа до вистински општествени промени.
Крајот на вечерта се обележав со музички перформанс на дуото Stardust, храна и одлично друштво. Присутните не само што уживаа во музиката, туку имаа можност и да се вмрежуваат, разменуваат идеи и дискутираат за идни активности и соработки.