Единаесети сениорски средби на извидниците од југоисточна Европа

Во периодот од 21-23.2.2025 год. во близина на Мостар во месносноста Благај, се организираа единаесетите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан на кој што домаќин беше Сојуз на извидници на Босна и Херцеговина. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора и Босна Херцеговина.

На оваа тридневна средба за учесниците се орагнизираа повеќе тематски панели на кој се разговарше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи. Имаше организирана посета на Мостар и нејзината стара чаршија и изворот на реката Буна.

Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес ја сочинуваа Тони Јошевски, Владимир Ивановски, Ангелче и Жаклина Гушеви. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заеднички проекти. Покрај ова имаше презентација на  проекти на сојузите учесници , активностите на кампањата Боренка и др.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.