На редовното изборно Собрание на Сојузот на извидници на Македонија, кое се одржа на 17.4.2011 год. (недела) во Меморијалниот музеј на АСНОМ во село Пелинце, кандидатот за старешина од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, г-дин Димче Велев беше избран за Старешина на Сојуз на извидници на Македонија. По презентирањето на неговата програма за работа за периодот 2011- 2015 беше пристапено кон гласање. Од присутните 43 делегати на собранието на СИМ, 38 гласаат за нашиот одредски кандидат, тројца беа против, а двајца делегати останаа воздржани. Со изборот на велешкиот кандидат за старешина на СИМ, повторно се докажа дека извидничката организација во Велес има традиција и негува кадри за раководењето на организацијата.