
Тука 150 извидниците од ИПО “Јадран“ , ИПО “Галеб“, ИПО “Сидро“, ИО “Браќа Миладиновци“, ИО “Иленден“ , ПСИО сите од Скопје и ИО “Димитар Влахов“ од Велес засадија повеќе од 10.000 садници. На оваа локација се појавија и главните организатори на акцијата и тоа маестро Борис Трајанов, потпретседателот на Владата на РМ, г-дин Зоран Ставревски, претседателскиот кандидат Имер Селмани и други личности од општественото живеење во Македонија. Организаторите на акцијата најавија дека на есен „ Ден на дрвото" би требало да се реализира на ниво на целиот Балкан. Следната акција на пошумување, според Македонски шуми ќе се реализира на површина од 250 хектари.



