Сојузот на извидници на Македонија на 7.6.2009 год. (недела), во Домот на градежните работници во Скопје, го одржа редовното годишно собрание. На ова годишно собрани се работеше со следниот дневен ред
– Отворање на редовното собрание
– Воведен збор на Боге Спасеновски, Старешина на СИМ
– Избор на работни тела на Собранието
– Деловник на собранието и други процедурални прашања
– Извештај за работата на Сојузот на Извидници на Македонијаза период 2008/2009 година
– Финансиски извештај за работата на С ојузот за 2007/2008 година
– Извештај од надзорниот одбор на СИМ
– Извештај од Извиднички центар – Охрид
– Извештај од 10-та Смотра на СИМ – Маврово
– Предлог иницијатива за измени и дополнување на Статутот на СИМ, доставена од Тодороски Дончо и Димитриевски Борис
– Иницијатива за разгледување на работата на Старешинство на СИМ, односно за членовите од Старешинство на СИМ од нерегистрирани одреди, доставена од И.О Браќа Миладиновци од Скопје
– Дискусија по материјалите
– Гласање по извештаите на телата на СИМ
– Презентација на состојбата на СИМ и одредување на смерница за понатамошна работа
– Затворање на Собранието на СИМ