Велешките извидниници се вклучија во иницијативата “Младински кварт за 8 Март“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како член на  СИМ од оваа година се вклучи во иницијативата „Младински кварт за 8 Март“. На 02.03.2024 год. (сабота) дел од женските членови на одредот изработија поголем број на честитки наменети за поголем број на сограѓанки од Велес. Истите ќе бидат поделени на 8 Март на интернационалниот ден на жената.

Сите направени честитки беа подготвени од симболичен пакет на канцелариски материјали  (хартија во боја, маркети, ножички, лепак и сл) кој го добивме од канцеларијата на СИМ. Иницијативата „Младински кварт за 8 Март“ на Сојуз на извидници е дел од проектот „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија” кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Stella Network, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје.

Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.