Велешките извидници на XII Македонска смотра – Скребатно 2018

DSC03405 - CopyИзвидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес остварувајќи ја својата програма за работа оваа година во периодот од 14-22.7.2018 година зема учество на XII  Македонска смотра на извидници која што се одржа во село Скребатно во близина на  Охрид. На оваа меѓународна смотра учест во земаа повеќе од 1200 извидници од Македонија, Германија, Украина, Хрватска, Израел, Молдавија, Романија, Србија, Америка , Бугарија,  Словенија, Романија, Црна гора , Франција , Русија и Чешка.

На оваа XII Македонска Смотра која што се одржува по мотото  Бескрајна приказна, извидничкиот одред  “Димитар Влахов“ – Велес зема учество со  дваесет извидници, а воедно се и домаќини на 15 извидници на нашиот бртаски одред “ Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија.

На оваа смотра во организација на Сојузот на извидници на Македонија, Генерален  покровител е Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов кои што воедно ја отвори и оваа смотра. Покрај Пртеседалот на на Република Мекедонија на самото отварање учество зема и амасадорот на Соединетите Американски Држави, неговатра екселениција г-дин Џес Бејли.

Старешина на оваа смота е извидникот од нашиот одред , г-дин Јордан Бајрактаров.

Со ова како одред докажуваме дека одредот од Велес како нај стар одред  во Република Македонија секокогаш дава раководни кадри на најголемите манифестациии н а Сојузот на извидници на Македонија.

z

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.