Во рамките на снимањето на филмот “Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, кое се реализираше на терените на Велес и Горно Коњари , десетина членови на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, учествуваа на кастингот за избор на статисти во споменатиот филм. Но само тројца извидници и тоа: Љупчо Кузмановски, Мартин Трајковски и Никола Ќурчиев беа повикани на снимањето на неколку сцени од филмот кои се снимаа во Велес и на терените на село Горно Коњари во периодот од 31 октомври до 5 ноември.