Во периодот од 3-4.10.2025 год. Велешките извидници кои се нарекуваат речни номади и чувари на природата ја реализираа мини регатата преку која младите извидници стануваат лидери преку зајакнување на локалните институции и придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните и општествено одговорни лица во промоцијата на слободата на изразување, човековите права и интеграцијата како и двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество со акцент на развиениот рурален туризам како алатка за промоција на младите и останатите граѓани во општествените процеси во носењето на одлуки, ќе се креира простор за слободно изразување на мислењата и погледите на младите.
Оваа активност која се нарекуваше Велешките извидници – речни номади чувари на природата имаа за цел да го промовира течението на реката Вардар на потегот Таорска клисура – Зелениково – Велес како еден од нај убавиот дел од реката Вардар. Во рамките на оваа пчовидба имаше 24 извидници сместени во пет чамци.
Велешките извидници сакаат да ги идентификуваат и можните и потенцијалните загадувачи на реката Вардар на овој потег. Овие 34 километри воден пат за 24 извидници воедно беше и можност за спортско-рекреативни активности од типот на пливање и веслање наменето за младите извидиници. Во текот на веслањето ќе се постават и 15 еко табли со еколошки попраки кои треба да ја зголемат е еколошката свест на сите кои се движет по брегот на Вардар.
Оваа активност е во рамки на глобалната иницијатива Champions for Nature Challenge и проектот Green Skills Rising, Сојузот на извидници на Македонија каде се дава поддршка на млади извидници кои се подготвени да преземат локални еколошки иницијативи и да бидат двигатели на позитивна промена во своите заедници.
Овој повик имаше за цел да ги охрабри младите да иницираат мали, но влијателни акции кои ќе придонесат кон заштита на природата, практикување на одржливи решенија и унапредување на своите зелени вештини.

Champions for Nature Challenge е глобална иницијатива развиена од Светската организација на извидничкото движење (WOSM) во партнерство со UNICEF. Оваа програма е дел од пошироката рамка Earth Tribe и има за цел да ги поттикне младите да станат активни учесници во заштитата на животната средина и одржливиот развој.
Програмата се фокусира на две главни области: „Подобри избори“ (Better Choices), која се однесува на развој на одржливи навики и одговорна потрошувачка, и „Природа и биодиверзитет“ (Nature and Biodiversity), која се фокусира на заштита и зачувување на природните екосистеми.






