Претседателот Стево Пендаровски денес 23.9.2019 год. (понеделник) беше во посета на Општина Велес која е првата општина во која Пендаровски го започнува проектот „Лице во лице со претседателот“.
Во текот на денот посетата претседателот Пендаровски оствари и работна средба и со преставниците на невладините организации во Домот на НВО.
На оваа средба преставниците на НВО секторот ги претставија
сите свои предизвици, активности,проекти и проблеми со кои се судираа во нивното тековно работење. На оваа средба од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учество земаа четворочлена делегација предводена од старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев.
На оваа средба, претседателот Пендаровски истакна: “Идејата на овие посети е да ги прашаме нашите граѓани на лице место, во нивните домови, кои се нивните предизвици. Знам дека претседателот нема
директна надлежност за голем број од нивните проблеми но можам да зборувам гласно, да ги предупредувам надлежните институции, да апелирам работите да се движат побрзо бидејќи главна цел на нас политичарите е да го направиме животот полесен за граѓаните“, истакна шефот на државата во изјавата пред медиумите.