Велешките извидници втори на 52 Меморијал “Марко Граорковски“

Во периодот од 25-27 април 2025 год. во месноста Катлановска Брезница, Скопје се организираше 52 меморијал “Марко Граорковски“ во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје.

На оваа извидничка акција учество земаа повеќе од сто извидници од Република Македонија и претставниците на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес. Тие се натпреваруваа во областа на топографија и ориентацијата на непознат терен.

Учество земаа извидниците од Скопје, Прилеп, Свети Николе. Од нашиот одред земаа учество 10 извидници, со што патролата “Сусумук“ го освои второто место во категоријата извидници.

Патролата  “Сусумук“  во категоријата извидници ја сочинуваа: Марија Стефановска, Тамара Димовска, Мила Коцевска, Нина Марковска. Додека пак патролата Штурци во категоријата  истражувачи ја сочинуваа: Мелани Трајковска,  Ели Ничовска, Љубче Неделковски и Барбара Хаџи Тонев.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.