Велешките извидници втори на јубилејниот 50ти повеќебој “Чика Драги“ во Ниш

Во периодот од 9-11 мај 2025 год. петнаесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на традиционалниот извиднички 50ти јубилеен ориентационен повеќебој “Чика Драги“ во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“.

На овој повеќебој учество земаа 100 извидници од Србија и Македонија.

На овој повеќебој Патролата  “Сусумук“  во категоријата помлади извидници кои ја сочинуваа: Марија Стефановска, Тамара Димовска, Мила Коцевска, Нина Марковска и Јована Јошевска го освоија второто место.

Додека пак патролата Торнадо во категоријата  извидници  ја сочинуваа: Мелани Трајковска,  Анастасија Давчева, Љубче Неделковски и Барбара Хаџи Тонев. Тие го освоја петтото место.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.