
На овој мегународен меморијал учествуваа следните одреди и тоа: Ио “Илинден“, ПСИО, ИО “Браќа Миладиновци“ и ИПО “Галеб“ од Скопје, ИО “Крсте Јон“ од Струга, ИО “Скаут“ од Куманово, ИО “Мирко Милески“ од Кичево, ИО “Димитар Влахов“ од Велес и извидници од Ниш – Република Србија и извидници од Подгорица – Република Црна Гора. На овој меѓународен извиднички меморијал во категоријата извидници првото место го освоија извидниците од ИО “Вожд“ од Ниш, второто место го освоија извидниците од ИО “Димитар Влахов“ од Велес, а третото место извидниците од Скопје. Покрај ова имаше организирано и натпревари за помлади извидници. Со освојувањето на второт место на извидниците од Велес се потврдува квалитетната работа на велешката извидничка организација.