Врз основа на потребите на Извиднички Центар “Охрид“ во Охрид и за потребите на програмските активности на Сојуз на извидници на Македонија (Школа за водачи и Извиднички камп) кои се реализираат во ИЦ “Охрид“ , тројца извидници од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес оваа летна сезона се во поддршка на активностите за потребите на Центар во Охрид. Тоа се следните извидници: Иван Гушев, Мартин Голчев и Вероника Гијовска.